Весникот Л’Екип ги објави новите правила според кои магазинот Франс фудбал ќе ја доделува Златната топка признание наменето за најдобриот играч на годината.
Клучни се три измени кои ќе решаваат за освојувачот на престижната награда. Првата е дека во текот на изборот во предвид ќе се земе периодот од август до јули односно нема да се следи тековната година туку сезоната во националните шампионати и останатите натпреварувања, клупски и репрезентативни, а не како до сега првиот и вториот дел од сезоната.
Втората измена се однесува на начинот на гласање. Наместо досегашните 170 новинари од земјите членки на ФИФА, право на глас ќе имаат стоте најдобро рангирани со што ќе се спречи на конечниот исход да влијаат луѓе од земји кои немаат поголема традиција во фудбалот.
Третата и најважна измена е во критериумите каде веќе не се важни трофеите освоени на клупско и репрезентативно ниво, туку клучна ќе биде формата на играчите во текот на сезоната.
Сите овие измени се донесени како последица на последното гласање каде според многумина Златната топка неправедно му припадна на Лионел Меси, а според сите критериуми престижното признание требаше да го освои Роберт Левандовски.
ФОТО: Игор Паневски
