Спорт Фудбал

Тимошчук не се оградува од Русија, па ќе биде избришан од украинскиот фудбал

Фудбалската федерација на Украина сака да го казни својот поранешен капитен и фудбалер со најмногу настапи во историјата, Анатоли Тимошчук со тоа што ќе ги избрише сите негови постигнувања, бидејќи не сака да го напушти рускиот клуб Зенит.

Тимошчук од 2017 година работи во тимот од Санкт Петербург како помошник тренер, а Украинците се гневни, бидејќи тој ниту еднаш јавно не се огласи за руската инвазија на земјата. Поранешниот фудбалер од средниот ред исто така не сакал да го раскине договорот со Зенит и не се оградил од земјата агресор. Фудбалска федерација јавно најави дека планира да ги избрише сите негови успеси и постигнувања од историјата на Украина и да му ги одземе тренерските лиценци стекнати во татковината.

Во својата богата кариера Тимошчук одигра 144 натпревари за Украина од 2000 до 2016 година. На клупски план има играно за Волин Луцк, Шахтјор Доњецк, Зенит Санкт Петербург, Баерн Минхен и Каират.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе