Спорт Фудбал

Белорусија ќе игра на неутрален терен

По суспендирањето на руските клубови и националниот тим, Европската фудбалска асоцијација донесе далеку поблага мерка за Белорусија која останува дел од натпреварувањата во организација на УЕФА.

Европската фудбалска федерација реши да не ја исклучи Белорусија од натпреваувањата во нејзина организација, но донесе одлука националниот тим и клубовите да бидат домаќини на неутрален терен, а на мечевите да не биде дозволено присуство на гледачи. Белорусија нема свои претставници во завршницата од клупските натпреваувања, а првите настапи репрезентацијата ги има во Лигата на нации, а противници и се селекциите на Словачка, Азербејџан и Казахстан или Молдавија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе