ФИФА не ја суспендираше Русија поради војната во Украина, но наметна санкции за фудбалската репрезентација. Дел од федерациите и натаму бараат целосно исфрлање на „зборнајата“ од фудбалските натпреварувања.
Светската куќа на фудбалот синоќа донесе одлука Русија сите натпревари да ги игра на неутрален терен и тоа без публика. На натпреварите на оваа репрезентација не смее да биде истакната руското знаме, ниту пак да биде интонирана химната и да игра под името Фудбалска репрезентација на Русија.
Москва требаше да биде домаќин на баражот за пласман на Светското првенство во Катар, но очигледно полуфиналињата и финалето нема да се играат во оваа земја. Ривалите на „зборнајата“ во баражот Полска, Шведска и Чешка не се задоволни од оваа одлука на ФИФА и бараат целосно суспендирање на руската репрезентација. Тие и натаму остануваат на ставот дека нема да го играат баражот без разлика на местото на одржување на натпреварите.
ФИФА соопшти дека е во постојана комуникација со Интернационалниот олимписки комитет, УЕФА и останатите спортски федерации за преземање на следните чекори против Русија.
