Спорт Тенис

Барти и Колинс во финалето на Австралија опен

Ешли Барти и Даниел Колинс ќе се борат за трофејот на првиот Гренд слем во сезоната.
Првата фаворитка на турнирот експресно за само 62 минути во два сета со 6:1 и 6:3 триумфираше над Медисон Кис и стана првата домашна тенисерка која по пауза од 42 години ќе настапи во финалето на Отвореното тениско првенство.

Инаку последна која успеала да се искачи на тронот во Мелбурн е Крис О’Нил која победила во финалето одржано во 1978-та.

Противничка во саботниот дуел ќе и биде триесеттата тенисерка на светот Даниел Колинс од САД која исто така без поголеми проблеми со 6:4 и 6:1 славеше над седмата носителка Ига Свјонтек и за прв пат во кариерата ќе биде дел од едно Гренд слем финале.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе