Вести Свет Спорт Тенис

Ѓоковиќ повторно во притвор, доколку ја изгуби жалбата се соочува со депортација и тригодишна забрана за виза во Австралија

Новак Ѓоковиќ е приведен во Австралија пред судското рочиште на кое ќе се утврди дали невакцинираната тениска ѕвезда може да остане во земјата. На Србинот му се заканува депортација откако му беше укината визата по втор пат, а владата го означи 34-годишниот како закана за јавното здравје.

Шпанскиот тенисер Рафаел коментирајќи го „случајот Ѓоковиќ“ изјави дека „играчите доаѓаат и си одат, но тенисот продолжува“ и дека „никој не е над Австралија Опен“.

„Лично, што се однесува до тенисот тоа нема да влијае на мојот ум или мојот пристап кон турнирот, но кога зборуваме за тенисот воопшто, мислам дека е позитивно да се зборува само за тенис. Го започнуваме еден од најважните турнири во светот и никој не е над спортот. За жал, целата ситуација се искомплицира повеќе отколку што треба, и треба подолго од што требаше да се реши, но јас сум фокусиран само на мојот последен тренинг утринава, на претстојниот тренинг попладнево и потоа на утрешниот тренинг пред моето деби во понеделник. Лично, тоа нема да влијае на мене. Ако тој заврши да игра, тоа е добро, а ако не, така е. За да се соочам со него ќе биде само полуфинале и пред мене е долг и тежок пат после толку долго време без играње. Јас сум фокусиран само на себе.“ – изјави Рафаел Надал.

Жителите на Србија велат е неправедно она што му се случува на Ѓоковиќ и не гледаат никаква причина за укинувањето на визата од страна на Владата на Австралија.

Како поранешна судијка, мислам дека требаше да ја следат одлуката на правдата, на судијата и да не се враќаат напред-назад меѓу владините агенции и органите на прогонот, но длабоко сум разочарана бидејќи навистина не можам да најдам што е причина, затоа што австралискиот народ е прекрасен. Зошто владата на Австралија имаше таков непријателски однос кон него, вели Лилјана Николиќ, поранешна судијка.

 

Тој тоа не го заслужи. Се бори за Србија, за спортот, за тенисот – рече Миле Дакиќ, жител на Белград.

Ѓоковиќ сепак треба да игра на Австралија опен во понеделник во Мелбурн. Доколку би го освоил турнирот, би станал најуспешниот машки тенисер во историјата на спортот со 21 голема титула. Но, рочиштето во недела, кое е закажано за 09:30 часот по локално време е клучно ако Ѓоковиќ сака да може да се натпреварува само неколку часа подоцна. Доколку ја загуби жалбата, прворангираниот машки тенисер во светот се соочува со депортација и тригодишна забрана за виза во Австралија.

Мартин Николовски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ФОТО галерија: Бриж по втор пат подобар од ПАОК за пласман во полуфинале

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе