Македонија

Александар Василевски Нинџа е на слобода, затворската управа му дозволила викенд

Александар Василевски Нинџа излезе од затворот во Шуто Оризари.  Добил право на викенд па според информациите од Управата за водење санкции тој од денеска па се до недела во 16 часот ќе биде на слобода. Директорот на Управата Марјан Спасовски за Телма вели дека како и останатите затвореници така и Василевски може да добие викенд на слобода после одлежана една третина од казната, а тој според управата веќе одлежал 3 години и 8 месеци од 7 годишната затворска казна. Вели дека Нинџа веќе би имал право да побара и условен отпуст од затворот оти таа погодност ја имаат затворениците со одлежана пола казна.

Според пресметката на Телма пак Нинџа има одлежано 3 години и 3 месеци од затворската казна, бидејќи тој зад решетки влезе во јуни 2018, откако претходно половина година беше во бегство. Тој сам се пријави во затворот во Шутка како осомничен за инцидентите во Собранието на РМ на 27 април 2017 та. По ова беше клучниот сведок на обвинителството во процесот кој се водеше во Кривичниот суд и во кој вкупната пресуда за сите обвинети беше 211 години затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок.

Првичната казна за Нинџа која ја донесе судијката Добрила Кацарска беше 8 години, а по жалба Апелациониот суд му ја намали за една година. Ниџа на судењето кажа дека имал блиски релации во ДБК и дека неформално работел за службите, а вечерта на крвавиот четврток бил во белата палата на ВМРО ДПМНЕ. Сведочеше и во процесот за организаторите на насатните.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата

Дејан Дејан

ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“

Дејан Дејан

Американскиот сенатор Велч: Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе