Ковид19 Македонија Најважни

Македонија „извозник“ на Ковид – 19 во Австрија и Швајцарија

Свдабите и семејните прослави на кои не се почитуваа мерките и протоколите не ги наполнија само болниците во Македонија туку и оние во Швајцарија и Австрија. Стотици печалбари кои одморот го имаа во Македонија се вратиле позитивни во овие држави, покажуваат анализите на тамошните здравствени власти. Состојбата во Тетово и Гостивар сеуште е исклучително тешка но бројките полека почнуваат да се намалуваат. Регистрирани се случаи кога од исто семејство неколку членови заболеле, биле хоспитализирани и починале поради компликации предизвикани од вирусот.

Голем број печалбари од западноевропските земји кои летото го минаа во Македонија, се вратиле назад позитивни на коронавирус покажуваат анализите и статиските на австриските и швајцарските здравствени власти. Свадбите, семејните прослави и масовното непочитување на мерките и протоколите го сторија своето па покрај болниците во Македонија се полнат и тие во Австрија и Швајцарија.

Повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, соопшти австриската Агенцијата за здравство и безбедност на храна (АГЕС).

Најголем број „увезени“ случаи се од Македонија – 866 а потоа е Косово од каде се регистрирани 799 случаи. Следи Хрватска со 683 случаи на повратници заболени од Ковид и Турција од каде дошле 662 позитивни печалбари.

За само една недела во Австрија бројката на заболени се зголемила за две и пол илјади а 40 отсто до нив се повратници кои биле на одмор во матичните држави.

Во Швајцарија пак најголем број од околу 200  пациенти кои во моментов се наоѓаат на интензивна нега во тамошните болници имаат миграциско потекло. За околу 40 отсто од заболените е позната локација на заболување и во четири од пет случаи станува збор за Косово или Македонија.

А во Тетово состојбата сеуште е исклучително тешка но полека се бележи пад на бројките. Хоспитализирани се 116 лица. Бранот следуваше со враќањето на печалбарите и стотиците свадби и семејни веселби кои се одржаа изминатиот период. Токму затоа по неколку членови од исто семејство истовремено заболуваа и беа хоспитрализирани а неретко завршуваше и со смртен исход.

Во Гостивар исто така состојбата се нормализира. Инфектологот, доктор ратко Наумовски, вели дека притисокот врз Клиниката и одделенијата полека пошпушта и истовремено апелира до своите сограѓани да се вакцинираат и да носат маски.

Според официјалните податоци на министерството за здравство, заклучно со вчера како активни се водат 14.360 случаи а најголеми жаришта се Скопје со 5.348 случаи, Тетово со 2.130 и Гостивар каде има 1.330 заболени.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Таравари од Берлин: 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај

Дејан Дејан

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

Дејан Дејан

Неполна недела до првиот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе