Спорт

Сеп Кус прв пат во кариерата освои етапа на „Тур де Франс“, Погачар останува во жолто

Американецот Сеп Кус триумфираше на 15.етапа на „Тур де Франс“, додека лидерот во генералниот пласман Тадеј Погачар го зголеми водството на првото место.

Кус се оддели од главната група велосипедисти на некаде 19 километри до крајот на етапата и мина низ целта со време од пет часа, 12 минути и шест секунди со што ја запиша својата прва победа во кариерата на трката околу Франција.

Втор низ целта на етапата, што се возеше од Сере до Андора ла Вела од 191 километар, мина Шпанецот Алехандро Валверде, додека трет беше Вут Поелс од Холандија.

Словенецот Тадеј Погачар ја задржа жолтата маичка и дури ја зголеми предноста во генералниот поред пред Колумбиецот Ригоберто Уран на пет минути и 18 секунди.

Утре велосипедистите имаат ден пауза, па „Тур де Франс“ продолжува во вторник со 16.етапа од Ел пас де ла Каса до Сен Годенс во должина од 169 километри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе