Лабораторијата на ОКТА е со 53 акредитирани методи по европски и американски стандарди, оцени претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој по посетата на лабораторијата на Макпетрол, со својот тим ја посети и компанијата ОКТА.
Во досегашниот период на работење на лабораторијата инвестирани се повеќе од 10 милиони евра во опрема и инструменти и сѐ друго што е потребно за постигнување резултати во работењето.
ОКТА снабдува две третини од пазарот со нафтени деривати, а своите производи ги пласира и на околните пазари.. Акредитираната лабораторија ја користат и Косово и Албанија, а повремено примероци се доставуваа и од Србија.
