Ракомет Спорт

Металург одлучи сезонава да не игра во Европската лига

Ракометниот клуб Металург, кој е еден од најтрофејните во нашата држава и редовен учесник во меѓународните купови, одлучи следната сезона да не се натпреварува во Европската лига. Тимот од Автокоманда со освоеното четврто место во Суперлигата доби шанса да игра во квалификациите за второто по ранг клупско натпреварување.

Металург испратил писмо до Ракометната федерација на Македонија дека нема да се пријави за учество во квалификациите за Европската лига. Еден од нашите најтрофејни клубови беше затекнат од паричната гаранција што ЕХФ ја побара од 50.000 евра за учество во натпреварувањето. Слично како и кон Вардар, Европската куќа на ракометот бара гаранција заради стари долгови кон поранешни играчи.

Од Автокоманда велат дека по направените интерни пресметки на буџетот, подобро е следната сезона да се натпреваруваат само во домашното првенство. Минатата сезона Металург се натпреваруваше во Европската лига, но тоа се покажа како скапо задоволство за тимот. Клубот најавува дека парите што требаше да бидат потрошени за Европската лига ќе се искористат за подмирување на старите долгови.

Македонија има еден директен претставник во групната фаза во Европската лига, а Пролет ќе игра квалификации. Сега најверојатно тимот на Бутел ќе го преземе местото на Металург во квалификациите, бидејќи заврши на 5.место на табелата во Суперлигата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе