Спорт Фудбал

УЕФА почна дисциплинска постапка против ФФМ

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалската федерација на Македонија поради кршење на ковид-протоколот на 19 јуни пред натпреварот со Холандија во Амстердам, кој се одигра на 21 јуни.

Европската куќа на фудбалот назначила специјален инспектор за етика и дисциплина за да го истражи случајот во македонската репрезентација и прекршување на членот 31/4 од дисциплиснкиот правилник на Европското првенство.

Според соопштението на УЕФА, се работи за непрофесионално однесување и прекршување на протоколот од страна на фудбалерите на македонската репрезентација при тестирањето за Ковид-19 на 19 јуни во Амстердам.

Наскоро треба да биде соопштена и одлуката на инспекторот, односно дали навистина имало прекршување на протоколот. Постапката не е против еден фудбалер или индивидуалци, туку против ФФМ, која на крајот би можела да се соочи со парична или друг вид на казна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе