Свет

Партијата на Меркел е најголемиот губитник на изборите за парламентот во Штутгард

Христијанско-демократската унија на канцеларката Меркел е најголемиот губитник на изборите за парламентот во сојузната покраина Баден-Вуртенберг и Порајна-Фалачка, покажуваат првите проценки на база на излезните анкети објавени вечерва.

Во Баден-Вуртенберг победи партијата на Зелените со освоени 31% од гласовите што е 0,7 % повеќе од изборите пред пет години. Оваа партија и лседните пет години ќе состави влада на чело со актуелниот и иден премиер Винфрид Кретчман.

ЦДУ изгуби 4% од гласовите во споредба до минатите избори па со 23% гласови го остави досега најслабиот резултат

Според прогнозите. Социјалдемократската партија на Германија освои 12%, десно-популистичката Алтернатива за Германија 11,5% што е за 3,6 проценти помалку од изборите пред пет години. Влез во парлемтот во Штутгард оствари и Либерално-демократската партија со 11,2%.

Во Германија во септември претстојат федерални избори, по што ќе биде избран наследник на канцеларката Ангела Меркел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

Нема шанса да осигураме стопроцентна регистрација – аеродромите во Рим се закануваат со суспензија на ЕЕС системот на ЕУ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе