Свет

Ден на жалост во БИХ по смртта на 8 млади во општината Посушје

Во Босна и Херцеговина е ден на жалост по трагичната смрт на осумтемина млади од општина Посушје кои го загубија животот, според првичните информации  задушувајќи се како последица на плин кој истекол од агрегатот во куќата каде ја поминувале новогодишната ноќ.

Вчера утрото беа пронајдени телата на четири момчиња и четири девојки. Сите на возраст од 19 години. Ова се нивните фотографии кои денеска ги објавија босанските медиуми. Но државниот Обвинител на западно херцеговскиот кантон Борислав Чуљак изјавил дека причината за смртта е најверојатно гушење но не со гас како што претходно се мислеше и дека се утврдуваат точните причини  за смртта.

Tелата на младите се дадени на обдукција. На улиците на Посушје синиќа владееше болна тишина а голем број на граѓани се собраа и со запалени свеќи им оддадоа почит на настраданите млади сограѓани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лидерите на ЕУ едногласно ја потврдија поддршката за Украина

Дејан Дејан

Загинаа три лица откако американската војска изврши напад врз брод кој наводно бил вклучен во шверц на дрога

Дејан Дејан

Путин се сретна со лидерите на АСЕАН на самитот во Казан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе