Македонија

Законот за попис влезе во собраниска процедура

По скратена постапка, со европско знаменце , законот за пописот се најде на дневен ред пред Комисијата за европски прашања.ДСМ предупреди дека нема да дозволи и овој закон да биде блокиран.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе 26 амандмани. Најголемиот дел се однесуваат на рокот за спроведување на пописот и на можноста за врзан потпис на Директорот и заменик директор  на заводот  за статистика.

Пратеничката група на Алијанса на Албанците-Алтернатива бара пописот да го спроведе државна пописна комисија.

Демократскиот сојуз апелира пописот да не се политизира.

Законот за попис се очекува да се најде на дневен ред на собраниска седница на 18 јануари.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешниот директор на Онкологија Нино Васев пуштен на слобода откако судот прифати парична гаранција

Дејан Дејан

Друштвото на филмски работници на Македонија по осми пат ги додели почесните награди „ Златна рамка“

Дејан Дејан

Српски државјанин со „Порше“ летал 188 км/ч на автопатот Куманово–Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе