Менаџерот на Манчестер Сити, Жозеп Гвардиола најави дека по завршувањето на Премиер лигата фудбалерите нема да имаат ниту еден ден одмор, туку веднаш по обврските во националното првенство ќе продолжат со тренинзи и ќе почнат подготовки за настапите во Лигата на шампионите.
Вицешампионот на Англија во август го чека реванш дуелот од осминафиналето против Реал Мадрид во кој влегуваат со предност од 2:1 и играат на домашен терен. Сезоната во Англија завршува на 26 јули, а 12 дена подоцна следува соочувањето со Кралскиот клуб.
Новата сезона во Премиер лигата треба да стартува на 12 септември