Спорт Фудбал

Копа Либертадорес продолжува во септември

По шест месеци пауза на 15 септември треба да почне Копа Либертадорес. Елитното клупско натпреварување во Јужна Америка поради пандемијата по две одиграни кола беше прекинато на 12 март, а продолжението на сезоната е предвидено со одигрување на четири дуели од третото коло,а ден подоцна и останатите пет натпревари.

Фазата по групи ќе се комплетира на 17 септември по што се продолжува со елиминациската рунда.

Според календарот финалето треба да се игра во текот на јануари, а домаќин ќе биде стадионот Маракана во Рио де Жанеиро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе