Спорт Фудбал

ЛЕГЕНДАРНИОТ КАЗОРЛА ПРОДОЛЖУВА ВО АЛ СААД

35-годишниот  фудбалер за врска ,Санти Казорла ќе му се придружи на поранешниот другар од  репрезентација на Шпанија,Чави Ернандез во Катарскиот Ал-Саад, каде легендарниот фудбалер на Барселона е во улога на тренер.Санти Казорла постигна 11 гола во штотуку завршеното Шпанско првенство, и му помогна на Виљареал да освои место во Лигата на Европа. Жолтата подморнца го  совлада Еибар со 4: 0 во неделата, а Казорла со асистенција  при  првиот гол, се одјави од  европскиот фудбал.Ал-Саад ќе биде петтиот клуб во неговата  кариера,по ангажманите во Виљареал, Арсенал, Малага и Рекреативо Хуелва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе