Спорт Фудбал

Тошевски од Работнички во Ростов за еден милион евра

Младиот фудбалер на Работнички, Давид Тошевски го направи најскапиот трансфер во историјата на македонската Прва лига откако потпиша за рускиот тим Ростов.

Тошевски блесна во дресот на „дебармаалци“ сезонава и брзо ги воодушеви странските скаути. Иако имаше понуди од многу европски клубови, голгетерот кој има само 18 години реши да ја прифати понудата на амбициозниот руски тим Ростов, кој редовно се натпреварува во европските купови.

Документацијата е веќе завршена, а Тошевски потпишал петгодишен договор вреден два милиони евра, додека неговиот матичен клуб Работнички ќе инкасира еден милион евра обештетување. Ова официјално е најскапиот трансфер во историјата на македонската Прва лига, бидејќи претходниот рекорд го држеше Иван Тричковски, кој за 750.000 евра од Работнички премина во Црвена Звезда во 2008 година.

Тошевски сезонава за „романтичарите“ одигра 21 натпревар во Првата лига, постигна пет погодоци и  имаше три асистенции. Деновиве се очекува тој да замине за Русија со приватен авион обезбеден од Ростов за да ја има официјалната промоција во новиот клуб.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе