Спорт Тенис

Првиот Гренд слем заврши за Зверев

На Отвореното тениско првенство на Австралија познати се првите четврт-финални двојки во машка и женска конкуренција. Од натамошните настапи на првиот Гренд слем во сезоната елиминирани се неколку високо рангирани носители.

Најголемото изненадување го направи Канаѓанецот, Денис Шаповалов кој во три сета со 6:3, 7:6 и 6:3 го совлада третиот фаворит Александер Зверев. Тој за место во полуфиналето ќе се соочи со Рафаел Надал кој со 7:6, 6:2 и 6:2 го елиминираше Адријан Манарино. Гаел Монфис место меѓу осумте најдобри обезбеди по триумфот во три сета над Миомир Кецмановиќ.

Кај дамите две Американки успеаа да слават во соочувањата со Паула Бадоса и Марија Сакари. Медисон Кис во меч што траеше 71 минута со 6:3 и 6:1 забележа победа во дуелот против осмата носителка Бадоса додека Џесика Пегула беше поуспешна од фаворитката број 5, Сакари. Најдобро рангираната тенисерка Ешли Барти триумфираше над Аманда Анисимова додека Барбора Крејчикова славеше над Викторија Азаренка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе