На две недели пред стартот на подготовките за новата сезона Асоцијацијата на играчи во НФЛ од челниците на лигата побара подобри мерки за заштита од евентуална инфекција со Ковид 19.
Голем дел од играчите преку социјалните мрежи најавија бојкот, а своите ставови ги пренесоа преку хаштагот Сакаме да играме.
Играчите потенцираат дека имаат голема желба да се појават на теренот, но на непопуларниот потег би се решиле само во ситуација ако процената дека заштитните мерки не се на потребното ниво и дека во ниту еден момент не сакаат да го загрозат своето, но и здравјето на нивните најблиски.
Од НФЛ најавија дека наскоро се очекува да се објави здравствениот протокол кој треба да го потпишат сите страни вклучени во натпреварувањето и дека тој е изработен врз препораките на здравствените власти во земјата.