Платите во Министерството за одбрана и во Армијата две години не се зголемени, а буџетите на Министерството, со ребалансите во изминатите две години, се намалени за 20 милиони евра, обвини пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска на денешната седница за пратенички прашања.
Министерот Владо Мисајловски одговори дека таа потпишала Колективен договор на денот на распишување на изборите без да обезбеди пари за зголемувањата. Најави дека во наредниот период платите ќе растат.
