Вести Култура Македонија

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Пред повеќе љубители на книжевноста, писатели, студенти и професори од Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници на културниот живот во Хрватска, во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб се одржа книжевна вечер посветена на современата македонска книжевност и на авторите Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков.

Творештвото на Снежана Младеновска Анѓелков и Игор Анѓелков, препознаено и од книжевната критика и од читателската публика, претставува значаен придонес за современата македонска книжевност и за нејзината афирмација надвор од националните граници.

Разговорот го водеше реномираната преведувачка, книжевна промоторка и уметничка директорка на фестивалот „Причигин“, Патриција Хорват. Нејзината долгогодишна посветеност на книжевноста, книжевното преведување и на културната промоција претставуваат вреден придонес во поврзувањето на авторите и читателите од различни јазични и културни средини.

Во динамичниот и интересен разговор, посебно беше истакнат фактот што двајцата автори во различни свои творечки периоди престојуваа на книжевни резиденции во Хрватска, во Пазин и Сплит. При овие книжевни престои создадени се  делови од нивните најзначајни книжевни дела. Токму со ова, се создаваат книжевни и културни врски кои претставуваат мост меѓу двете земји и ја потврдуваат блискоста и постоечката плодна соработка меѓу македонската и хрватската книжевна сцена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе