Вести Економија Свет

Пиеракакис: Ако Ормутскиот теснец не се отвори, ќе се соочиме со најголемата енергетска криза

Ако Ормутскиот теснец не се отвори, можно е да се соочиме со најголемата енергетска криза во историјата, вели за Си-ен-би-си министерот за национална економија и финансии на Грција и претседател на еврогрупата, Кирјакос Пиеракакис. Тој апелира дека доколку се додадат сите останати елементи, една третина од ѓубривата поминува низ оваа теснина: сулфур, хелиум, нафтени хемикалии и дека  поради тоа станува збор за една потенцијално огромна опасност.

Пиеракакис рече дека извршниот директор на Меѓународна агенција за енергија, Фатих Бијрол, актуелната ситуација „ја опишал како потенцијално најголемата енергетска криза во историјата, поголема дури и од трите претходни заедно: двата нафтени шока од 70-тите и руската инвазија во Украина во 2022 година“.

Податоците ја потврдуваат оваа процена. Ако, на пример, ја анализираме1970 година, вкупната загуба на барели нафта дневно била речиси 10 милиони. Денес, загубата достигнува 13 милиони барели дневно. Ако се земе предвид и природниот гас, трендот е уште поостар отколку во 2022 година. Тогаш, во милијарди кубни метри (BCM), количината се намали од 155 на 80, односно кумулативна загуба од 75. Ако овие податоци се пресметаат на годишно ниво денес, станува збор за загуба од приближно 110 BCM. Затоа, ако се земат предвид сите три случаи, можно е да се соочуваме со најголемата енергетска криза во историјата доколку Ормуската Теснина не се отвори набргу – рече Пиеракакис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа три лица откако американската војска изврши напад врз брод кој наводно бил вклучен во шверц на дрога

Дејан Дејан

Друштвото на филмски работници на Македонија по осми пат ги додели почесните награди „ Златна рамка“

Дејан Дејан

Српски државјанин со „Порше“ летал 188 км/ч на автопатот Куманово–Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе