Вести Македонија Најважни

Проширен обвинителски тим од 15 обвинители ќе го застапува обвинението за пожарот во „Пулс“

Проширен обвинителски тим од 15 обвинители ќе го застапува обвинението за пожарот во „Пулс“, во кој животот го загубија 63 млади луѓе, а над 200 беа повредени, изјави денеска државниот обвинител Коцевски.

Коцевски најави дека во декември ќе има и обвинение за полициските службеници за кои истрага води Обвинителството за организиран криминал.

Судењето против 34 обвинети и три фирми започнува на 19 ноември, во судницата во Идризово. Таму утре ќе има брифинг со новинарите. в.д. претседателката на Судот Димовска и претставници на Јавното обвинителство ќе информираат за техничките предизвици и организациската поставеност на судењето.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе