Магазин Македонија

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари (ПР Текст)

87-то коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата е извршена во продажното место „Димпо“ во Битола. Иако добитникот не се согласи за јавно објавување на неговите податоци, тој сподели со нас дека за него оваа добивка претставува уште една потврда дека секогаш треба да се верува во среќата.

Продажното место „Димпо“ во Битола е познато по среќните добивки од игрите на среќа на Државна лотарија. Таму е „изгребана“ и најголемата премија од инстант лотаријата – 10.000.000 денари од инстант лозот „Мега Милионер“.

Од почетокот на приредувањето на играта на среќа Џокер во 2010 година, во рамките на Ново Лото 7/34, освоени се вкупно 17 Џокер премии, а ова е 11-та освоена Џокер премија од почетокот на приредувањето на Лото 7 во 2019 година.

Уплата на еден Џокер број чини 30 денари, а може да донесе вредна добивка. Џокерот се избира по компјутерски пат, а бидејќи среќата знае да изненади, не треба да се пропушта шансата со одиграна лото-комбинација да се уплати и еден Џокер број.

Во Делчево се освоени две Џокер премии, по една Џокер премија е освоена во Струмица, Берово, Кавадарци, Свети Николе, Струга, Крушево, Пехчево и Битола и седум во Скопје. Првата премија од играта на среќа Џокер беше постигната во Делчево.

Среќата е насекаде со Државна лотарија! (ПР Текст)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Пратеничка кавга за платите во одбрана – две години не се зголемени, а и буџетот паѓа

Дејан Дејан

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе