Вести Македонија Најважни

Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 го вклучи алармот во јавноста

Одлуката да се стопираат средствата од ИПАРД 3 Програмата поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, го вклучи алармот на јавноста, но и донесе неизвесност во аграрот, еден од најважните стопански сектори во државата. Се покренаува прашањето: Ќе останат ли земјоделците без европските пари откако скандалот со проневери заврши со истрага и апсења ? Европската комисија согласна да се запрат сите исплати додека не се расчисти случајот.  И додека истрагата е во тек, сегашнито и претохднио минситер за земјдоелство со спротиставени изјави дали има или нема исплата.

„Брисел нема најава за блокада на ИПАРД средствата на кои како држава сме корисници. Напротив нашата борба против корупцијата која што ја водиме во моментов и дополнителните проверки кои што ги правиме во самата агенцијата за нејзиното работење се силно поздравени од страна на Брисел, затоа што само на тој начин ќе можеме да бидеме како држава исправни и да работиме согласно сите закони и процедури“, изјави министерот за земјоделство  Трипуновски.

Од СДСМ реагираа дека суспензијата значи дека нема да се исплаќаат парите за земјоделците и ќе се стопираат сите веќе почнати проекти преку ИПАРД програмата.

„Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределено време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите коишто веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици, велат од СДСМ.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе