Вести Македонија

„Спектакуларен карневал или политичка злоупотреба?“ – Димески со критики за хаосот со ѓубрето и ангажманот на пожарникарите

„Мене ова ми личеше на спектакуларен карневал или најлоша дефиниција за политиката: Таа креира проблем, за потоа да го решава“, оцени Димески, нагласувајќи дека јавноста и по две години не дознала кој е виновен за наталоженото ѓубре и каде е реалниот причинител на колапсот.

Тој праша како е возможно системот за управување со отпад одеднаш да функционира „совршено“, по долготрајни проблеми. „Дали тоа е природата на власта која може да се коцка со вакви работи?“ – додаде Димески, алудирајќи на политичката одговорност и можните манипулации со кризата.

Посебно го критикуваше ангажирањето на пожарникари во акцијата за 72-часовно чистење, каде тие со шмркови го миеле плоштадот, иако недостигаат кадри во службата.

„Ние ги праќаме тие луѓе на сè што ќе се случи во градот – од пожари, не дај боже земјотреси. Ги имаме недоволно, и сега ги пуштаме да мијат улици наместо да одмараат. Тоа за мене е злоупотреба“, изјави Димески.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе