Вести Македонија

Свирепо убиство на младо момче во Прилеп

Свирепо убиство на младо момче се случило вечерва во самиот центар на Прилеп. Момчето било избодено со нож.

Повеќе жители на Прилеп испратија сознанија до Телма дека претходно група младинци имале физичка пресметка. Инцидентот се случил пред деветкатницата во Прилеп на градскиот Плоштад, а загинатото момче било избодено со нож.

Момчето почнало да бега од групата, но по неколку десетици чекори паднало на влезот на прилепската чаршија. Очевидците повикале Итна помош и околу 19:40 било пријавено во полиција.

Итната помош го префрлила момчето во прилепската болница, но момчето починало пд повеќе убоди по телото. Полицијата го истражува убиството, а нема информации за идентитетот и возраста на жртвата иако локални веб медиуми објавија претпоставки дека станува збор за малолетник.

Дали 90-годишен старец од Кочани е убиен?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа три лица откако американската војска изврши напад врз брод кој наводно бил вклучен во шверц на дрога

Дејан Дејан

Друштвото на филмски работници на Македонија по осми пат ги додели почесните награди „ Златна рамка“

Дејан Дејан

Српски државјанин со „Порше“ летал 188 км/ч на автопатот Куманово–Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе