Вести Економија

Сушната година ги „исуши“ и шпанските маслинки – плафонски раст на цената на маслиновото масло

Цените на шпанското маслиново масло нагло се зголемија откако земјата две години по ред се соочува со сериозна суша, и лоша жетва на маслинките. Недостигот на дожд во шпанските провинции каде се одгледуваат маслинките предизвикаа поголема потрошувачка на гориво за производството на масло во фабриките, со што дополнително ја зголемува малопродажната цена, која пак влијае и на глобалната цена.

„Кога Шпанија има проблеми, тоа создава проблеми за глобалното производство“, вели одгледувачот на маслинки  Гарсија де Зунига. „Ако светската понуда е помала затоа што Шпанија произведува помалку, а побарувачката останува иста, цената расте – тоа е закон за понуда и побарувачка“, додава тој во разговор за Би Би Си.

„Имаме медитеранска клима, која има тенденција да има сушни периоди, периоди на обилни дождови, а потоа и средни периоди“, рече тој. „Во моментов сме во сушен период и тоа трае долго.

Производителите велат дека периодите и на суша и на дожд стануваат се поизразени и бараат националните и локалните власти да спроведат мерки за компензација, како што се инвестиции во системи за наводнување.

Шпанија е најголемиот светски производител на маслиново масло, покривајќи 70% од потрошувачката на Европската унија и 45% од потрошувачката на целиот свет.

Во Шпанија, цените на маслиновото масло се зголемија за повеќе од 70% само оваа година по остриот пораст во 2022 година. Еднолитарско шише екстра девствено масло моментално чини околу 9 евра, во нискобуџетните супермаркети.

Според извештајот на програмата за животна средина на ОН, температурите во регионот на Медитеранот се зголемуваат за 20% побрзо од глобалниот просек.

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, откри Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе