Новак Ѓоковиќ загуби во четвртфиналето на турнирот во Дубаи од 123-тиот тенисер во светот, Јири Весели. Со елиминацијата тој и официјално во понеделник ќе го загуби првото место на АТП-листата.
Чешкиот тенисер го победи Србинот во два сета со 6-4 и 7-6 и тоа е негов втор триумф во кариерата против еден од најдобрите на сите времиња. Поразот на Ѓоковиќ значи дека од понеделник нов број 1 на АТП-листата ќе биде Данил Медведев, кој на турнирот во Акапулко се пласираше во четвртфиналето.
Русинот ќе биде првиот, кој се искачува на врвот на светскиот тенис, а не се вика Надал, Федерер, Мареј или Ѓоковиќ уште од 2004 година.
