Вести Македонија Најважни

Швајцарија и Германија со најмногу попишани македонски граѓани

Досега се попишале 60 илјади македонски граѓани од дијаспората. Најслаб интерес има кај иселениците во Канада и во Австралија.

Над 60 илјади граѓани коишто живеат надвор од Северна Македонија досега се попишале преку онлајн апликацијата. Најголем интерес има во Швајцарија, Германија и во Италија, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Послаб интерес за самопопишување пројавиле иселениците во Австралија и во Канада. По првиот бран, кога дневно се самопопишувале по 7.000 до 8.000 граѓани, надлежните минатата недела укажаа дека е спласнат интересот кај дијаспората и најавија дека ќе започнат кампања со цел да се укаже од важноста на спроведувањето на пописот, кој во земјата за последен пат е одржан пред 19 години.

Според Османи, најмногу иселеници, или околу 16 илјади, се попишале во Швајцарија, што претставува околу една четвртина од очекуваните бројки. Следни се Германија со околу 10 илјади и Италија со 6.000 попишани иселеници.
Попишувањето на македонските дипломати и членови на конзуларни претставништва завршува денеска, но попишувањето на дијаспората продолжува до 21 април. „Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во странство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора“, вели Османи.

Во однос на малиот интерес за попишување кај дијаспората, особено во Австралија, Османи вели дека нема информации од Дипломатско конзуларните претставништва, ниту од неговите лични контакти дека некој активно бојкотира или дава отпор за попишување во дијаспората.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе