Спорт Тенис

Синер прво изненадување на Ролан Гарос

Првата носителка на Ролан Гарос, Симона Халеп се пласираше во следната фаза по победата над Сорибес Тормо од Шпанија. Кај мажите предмалку Џон Изнер славеше во дуелот против Французинот, Елиот Бенхентрит.

Уште на стартот од Отвореното тениско првенство на Франција се случи големо изненадување. Дветнаесет годишниот Италијанец, Јаник Синер во три сета со 7:5, 6:0 и 6:3 го елиминираше 11-от носител на турнирот Давид Гофан.

Себастјан Корда со 3:1 славеше во дуелот против Андреас Сепи додека домашниот тенисер Бенжаман Бонзи славеше во соочувањето со Емил Русовуори од Финска.

Кај дамите десеттата фаворитка Викторија Азаренка со 2:0 по сетови 6:1 и 6:2 триумфираше над Данка Ковиниќ од Црна Гора, Елис Мертенс во два сета ја елиминираше Маргарита Гаспаријан, Марија Сакари беше поуспешна од Ајла Томљановиќ, а Каја Канепи забележа победа во дуелот со Мари Бузкова.

Пласман во следната рунда обезбедија уште Русинките, Камила Рахимова и Екатерина Александрова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе