Спорт Тенис

Сензационална елиминација на Серена

Првата фаворитка за триумф на турнирот во Лексингтон, Серена Вилијамс сосема неочекувано е елиминирана во четврт-финалето.

Американката, Шелби Роџерс инаку 116-та на светкста ранг листа во три сета со 1:6, 6:4 и 7:5 ја елиминираше првата носителка и се пласираше во полуфиналето.

Претходно Кори Гоф исто така со 2:1 по сетови 4:6, 6:4 и 6:1 славеше над осмата носителка Онс Жабер, Жил Тајхман од Швацарија забележа победа со 6:2 и 6:4 во дуелот против домашната тенисерка Кетрин Беллс, а во последниот меч од четврт-финалето Џенифер Брејди ја елиминираше Мари Бужкова исто така со 2:0 по сетови 6:1 и 6:2.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најголемиот аргентински талент потпиша за Реал Мадрид

Дејан Дејан

Трајковски херој против Астана: Македонија е без пораз 10 натпревари

Дејан Дејан

Томас Франк ќе биде нов тренер на Тотнем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе