Поранешниот светски рекет број 1 во женска конкуренција и освојувачка на две Гренд слем титули, Симона Халеп изјави дека се уште не донела конечна одлука дали ќе настапи на Отвореното тениско првенство на САД.
Во моментов втората тенисерка на ВТА листата настапува на турнирот во Прага и најави дека одлуката ќе соопшти на почетокот од следната недела и таа ќе зависи од тоа дали организаторот во Њујорк ќе направи измени во строгите протоколи.
До овој момент од Топ 10 настапот на Флешинг медоуз го откажаа Ешли Барти, Елена Свитолина и Кики Бертенс.