Спорт Фудбал

Одложено финалето на Купот на Грција

По барање на полицијата Фудбалската федерација на Грција реши да го откаже финалниот меч во националниот куп во кој требаше да се сретнат градските ривали од Атина, Олимпијакос и АЕК.

Во полициска акција во близина на стадионот на Аполон каде на 26 јули требаше да се игра натпреварот, откриени се 18 молотови коктели и 12 дрвени палки и поради основано сомнение дека се подготвуваат судири меѓу навивачите натпреварот е откажан, но се уште постои можност одлуката да се смени и дуелот за трофејот во Купот да се игра во друг град.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе