Спорт Фудбал

Судот пресуди во корист на Манчестер сити: Финансискиот фер-плеј на УЕФА е мртов!

Манчестер сити ја победи УЕФА, бидејќи Судот за спортска арбитража во Лозана пресуди во негова корист и ќе може да се натпреварува во европските купови, односно Лигата на шампиони и следната сезона.

Премиерлигашот во февруари годинава беше казнет од УЕФА со двегодишна суспензија од сите европски натпреварувања и 30 милиони евра поради сериозни прекршувања на Финансискиот фер-плеј во периодот од 2012 до 2016 година.

Клубот веднаш се жалеше на оваа одлука до Судот во Лозана, кој денеска ја донесе својата конечна одлука и пресуди дека Сити може да се натпреварува во Европа. Исто така намалена е и паричната казна од 30 милиони, на 10 милиони евра. Според Судот, повеќето обвиненија од УЕФА против Сити се неосновани, а голем дел се застарени, бидејќи се  однесуваат на период од 2012 до 2016 година.

Паричната казна од 10 милиони евра останува, бидејќи клубот одбивал да соработува со УЕФА за време на истрагата.

Реакциите во јавноста по оваа одлука се големи, а дел од познатите спортски новинари, пресудата ја нарекоа крај за Финансискиот фер-плеј во европа.

УЕФА започна истрага против Сити поради објавените тајни документи на „Фудбал ликс“ во весникот „Шпигел“. Според овие документи,  клубот ги фалсификувал финансиските извештаи и спонзорските договори за тие да бидат во склоп со правилата на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот денеска реагираше со бледо соопштение во кое ниту ја критукува ниту ја коментира одлуката од лозана, туку само ја пренесе и најави дека повеќе нема да коментира за случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе