Кошарка Спорт

Британците се враќаат во европската клупска кошарка

По пауза од скоро две децении еден кошаркарски клуб од Велика Британија ќе се настапува во европските натпреварувања.

Лондон Лајонс ќе биде дел од Лигата на шампионите во организација на ФИБА и со овој потег Светската организација го направи чекорот кој долго време го најавува конкурентската Евролига.

Лондон Лајонс ќе биде дел од квалификациите за натпреварувањето во организација ФИБА иако овој проект беше најавуван од Жорди Бертомеу кој ветуваше дека во следниве години Островот ќе биде вклучен во Евролигата.

Последна екипа која била дел од европската клупска елита беше Лондон Тауерс кој на почетокот од веков се натпреваруваше во Евролигата на УЛЕБ и во две сезони на 23 натпревари забележа само една победа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Марко Трајановски – европски шампион во ММА борби

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Градски за лидерско место на табелата

Дејан Дејан

Јута им се одмазди на Лејкерс, Џамал Мареј со натпревар на кариерата за Денвер (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе