Спорт Тенис

Ѓоковиќ го откажа настапот во Сиднеј, па неизвесен е и за Австралија опен

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти првото сезонско натпреварување во 2022 година.

Ѓоковиќ одлучил да не патува за Сиднеј, Австралија, каде на 1 јануари почнува АТП Купот. Србинот нема да игра за својата репрезентација, која се наоѓа во група заедно со Норвешка, Чиле и Шпанија. Засега не е јасно дали првиот светски рекет ќе настапи на Австралија опен што се одржува во Мелбурн. Во државата Викторија има далеку построги мерки за заштита од Ковид-19 и можат да настапат само тенисери и тенисерки кои се вакцинирани со две дози против вирусот.

Ѓоковиќ засега јавно изјави дека е против задолжително вакцинирање, но не сакаше да открие дали тој е вакциниран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе