Спорт Тенис

Ролан Гарос заврши за Вилијамс и Азаренка

Вториот Гренд слем во сезоната предвреме заврши за Серена Вилијамс која поради повреда на Ахиловата тетива мораше да го предаде мечот од второто коло против Светлана Пиронкова.

Најголемото изненадување кај дамит го направи Ана Каролина Шмедлова од Словачка, која во два сета со 6:2 и 6:2 славеше во мечот против десеттата носителка Викторија Азаренка, а учеството на Ролан Гарос го заврши и Јулија Путинецева по поразот од Аргентинката Надја Подороска.

Третата фаворитка Елина Свитолина со 2:1 во сетови ја елиминираше Рената Зарауза од Мексико, а пласман во следната рунда обезбеди Кики Бертенс по триумфот над Сара Ерани.

Марија Сакари беше поуспешна од Камила Рахимова додека Елис Мертенс славеше над Каја Канепи.

Вториот фаворит на машкиот турнир Рафаел Нада за 1 час и 40 минути во три сета препуштајќи му на противникот само четири гема триумфираше над Мекензи МекДоналд, Доминик Тим исто така со 3:0 во сетови го елиминираше Џек Сок, Диего Шварцман беше поуспешен од Лоренцо Џустино додека настап во третиот круг обезбедија уште Норберт Гомбос, Иго Гастон и Станислас Вавринка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пиоли сигурно добива отказ: Милан назначува поранешен играч на кормилото

Desk

Холанѓанец ќе го наследи Јирген Клоп на клупата на Ливерпул

Desk

ПСЖ е подготвен да плати 200 милиони евра за тинејџер на Барселона

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе