Пјер-Емерик Обамејанг е убедливо најдобриот фудбалер на Арсенал оваа сезона. Голгетерот има уште само една година од договорот со „топчиите“, па раководството сака што побрзо да започне преговори за продолжување на соработката.
Габонецот веќе ги кажал своите барања и очекува значително зголемување на платата, односно 250.000 фунти неделно. Досега тој заработуваше нешто помалку од 200.000 фунти.
Сезонава Обамејанг има 22 голови на 36 натпревари за Арсенал во сите конкуренции.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.