Вести Македонија Топ вести

Тешка несреќа со тројца мртви кај Кичево, тинејџер излета со БМВ и загина, трагичен биланс на сообраќајот, а се уште се чекаат законски измени и Сејф сити да „стапи“ на сцена

Брзо возење по магистралниот пат меѓу Кичево и Гостивар донесе нови 11 жртви и повредени на македонските патиштата. Пред незгодна кривина, кај селото Трапчин дол, на неколку километри од Кичево, трагите од сообраќајната трагедија се видливи.

Од двете страни на патот стојат големи парчиња од трите удрени автомобили и локви од истурено автомобилско масло. На лице место загинаа двајца возачи, 63-годишен битолчанец кој возел мерцедес и 38-годишен возач на опел од Гостивар.

Од истиот опел, 38-годишна жена им подлегнала на повредите во кичевската болница. На местото има останато и шофершајбни од трите возила кои биле извадени за да се извлечат 8-те повредени од кои некои тешко. Истрагата трае.

-Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Крвавиот биланс не застана, рано утрово загина и 19-годишно момче од Миравци кој со бмв излетал од патот во близина на своето родно место. Само во последните 7 денови, според полициските билтени на македонските патишта загинале вкупно 5 луѓе, а 34-ца се повредени. Од нив десетина со тешки и сериозни последици. Гинат и повредени се и возачи, и велосипедисти, и пешаци и трактористи. Бројките се на државниот просек од лани, тврди министерот но многу повисоки од европските. Покрај сообраќајна безбедносна култура, треба и подобри патишта, а за главниот град, како решение се гледаат и камерите од Сејф сити.

-Возачите да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула. Се градат и при крај се нови патишта и тие треба да го олеснат тоа прашање. Ексклузивно може да кажам дека и неколку закони (поврзани со функционирање на Сејф сити) се изготвени како предлози и поставени на платформата ЕНЕР на увид, рече Тошковски.

Но, базата ЕНЕР на интернет, празнично не работеше, па не можеше ниту да се види кои се измените кои треба да го овозможат користењето на сејф сити камерите за поголема безбедност на патиштата.

Сејф сити Треба да профункционира после Нова Година и после локалните избори. Пробното користење покажа дека само во Скопје, дневно, илјадници возачи и други учесници во сообраќајот прават прекршоци на местата каде има камери на Сејф сити.

Не помагаат ниту честите сообраќајни контроли, илјадници казни, но се тера по старо- учесниците во сообраќајот не ја  зголемуваат и личната и општата безбедност по улиците и патиштата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе