Вести Македонија

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Македонската дипломатија полека се празни. Во моментов 17 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или конзул, информираат од МНР за Телма од каде наведуваат дека во тек се процедури за иманување на четворица нови амбасадори.

„Паралелно, се водат разговори помеѓу Министерството за надворешни работи, Владата и претседателот на државата, со цел да се дефинира поголема група на шефови на ДКП кои треба да ги пополнат испразнетите позиции во втората половина на оваа година, информираат од МНР за Телма.

Но освен 17 веќе упразнети амбасадорси позиции од 30 април се празнат без амбасадор официјално остануваат и уште осум амбасадите чии шефови на мисии беа отповикани поради автентичното толкување на Законот за надворшени работи. Ако на ова се додаде и дека наскоро истекува мандатот и на амбасадорите во Загреб и Атина, вкупната бројка на упразнети шефови на мисии во македонските ДКП-а ќе надмине 25.

Од МНР пак со став дека работата не ДКП-ата поради тоа што нема имен уменувани амбасадори не трпи.

„Во меѓувреме, сите ДКП се адекватно пополнети со раководни, професионални дипломати кои, во својство на вршители на должност, ги извршуваат сите предвидени дипломатски активности сѐ до испраќањето на новите амбасадори и генерални конзули“, наведуваат од МНР .

Но како што дознава Телма, токму зафатеност со други обврски било објаснувањето на в.д. амбасадорот на Македонија во Данска, отсуството од работниот ручек на амбасадорите од земјите-членки на ЕУ и од земјите од Западниот Балкан, во организација на словенечкиот амбасадор во Копенхаген, Михаeл Зупанчич, пред десетина дена, а на кој присуствувале и претставници на данското МНР и данската министерка за европски прашања, Марие Бјере. Македонија била единствената земја која немала свој притставник на ручекот, а Данска инаку е земјата која за два месеци го презема претстедавањето со Европската унија. Македонија во амбасадата во Данска во моментов, според информациите на Телма, има само еден дипломат кој извршува и конзуларни работи и е в.д. амбасадор.

Амбасадата во Копенхаген е една од седумте амбасади која од ноември е без именуван амбасадор, заедно со амбасадата во НАТО, Албанија, Казахстан, Катар, Ватикан, како и мисијата на ОН во Женева. Упразнети се и амбасадорските места во Косов, Франција, Романија, Јапонија, Унгарија, Естонија, Украина, Њујорк, Советот на Европа во Стразбур, а од 1 мај истекува мандатот на  амбасадорите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Велика Британија, Белгија, Чешка, Шведска, Софија.

Четирите амбасади за кои е во тек процедурата за именување на нов шеф на мисија се амбасадата во Париз, за каде владиниот предлог за иден амбасадор е нефрологот Игор Николов, во Украина за каде предлог за амбасадор е Димитар Блажевски, потоа Јапонија со предлог за амбасадор, Андријана Цветковиќ и Хрватска за каде владата го предлага Драган Ѓурчевски.

Засега нема инфомации до каде е процедурата за именување на четворицата нови амбасадори, но и дали има усогласени имиња меѓу МНР, Влдата и  претседателката за пополнување на другите амбасади со амбасадори.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе