Вести Свет Топ вести

Путин прогласи велигденско примирје и повика Украина да го следи истиот пример

Рускиот претседател Владимир Путин повика на велигденско примирје и запирање на сите воени операции.

„Врз основа на хуманитарни принципи, денес од 18.00 (по московско време) до до 00.00 часот меѓу недела и понеделник, руската страна прогласува велигденско примирје. Наредувам да се прекинат сите воени операции за овој период. Очекуваме и украинската страна да го следи нашиот пример“ порача Владимир Путин, руски претседател.

Путин истакна дека руските војници мора да бидат подготвени за можни прекршувања на примирјето од страна на Украина. Според рускиот претседател тие ќе мора да бидат подготвени да одбијат секаква провокација и агресивна реакција на непријателот.

Путин не прецизираше дали привремениот прекин на воените дејствија се однесува само на територијата на Украина, или ја опфаќа и руската област Курск, каде Русија се бори да ги истисне украинските сили, откако тие ја преминаа границата и зазедоа делови од неа во август минатата година.

Москва очекува украинската страна да го следи нивниот пример. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа  „X“ објави дека ситуацијата е  „уште еден обид на Путин да си поигрува со човечките животи“. Зеленски додаде дека дроновите кои прелетуваат низ украинското небо го откриваат вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечкиот живот.

Зеленски додаде дека украинските сили „држат позиции“ во руската област Курск и дека „зоната на контрола“ на Украина е проширена во рускиот регион Белгород.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе