Вести Свет

Трамп воведе нови царини – Канада, Мексико и Кина најавуваат одговор

Соединетите Американски Држави воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и од Мексико, а двојно ги зголемија и царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери. Новите царини може да влијаат врз трговија вредна 2,2 трилиони долари.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката е одговор на „недоволните напори“ на Канада, Мексико и Кина да го спречат шверцот на фентанил во САД.

На новите царини на САД, експресно стигна одговор од канaдскиот премиер Џастин Трудо со реципрочна мерка од 25 отсто царини за американски производи во вредност од 20,7 милијарди долари, а ако американските мерки останат во сила 21 ден, ќе бидат воведени дополнителни царини за уште 86,2 милијарди долари.

Трудо порача дека Канада ќе таргетира американски производи. Одговор на американските санкции најави и мексиканската претседателка, а осуда на ваквата американска политика стигна и од Пекинг. Кинеското Министерство за трговија најави „соодветни контрамерки“. Експертите предупредуваат на можна ескалација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Жителите на Арачиново и Сингелиќ  денеска излегуваат на протест поради високите сметки за струја

Дејан Дејан

Јандроковиќ: Сиви облаци над НАТО и ЕУ

Дејан Дејан

Покрената иницијатива за гласање недоверба во грчкиот парламент

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе