Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков е ослободен од вина за случајот Тортура врз Љубе Бошковски. Обвинителството не успеало да докаже дека влијалел врз Алфите да го малтретираат при апсењето кај ресторанот Воденица и вештачењето врз душевната состојба не покажало дека има психички и кардиоваскуларни проблеми кои траеле неколку дена, настанати како последица од апсењето.
Освен Сашо Мијалков обвинети беа уште шестмина за мачење и друго сурово постапување – сите се ослободени од вина со образложение дека Јавното обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат.