Вести Свет

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Денеска во Рим продолжуваат клучните преговори меѓу иранската и американската делегација за иранското нуклеарно прашање, со посредство на Оман.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера изрази „сериозни сомнежи“ во намерите на САД пред вториот круг преговори со Вашингтон.

„Иако имаме сериозни сомневања за намерите и мотивацијата на американската страна, и покрај се ќе учествуваме во утрешните преговори“ рече Арагчи на прес-конференција во Москва заедно со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Тој рече дека иранската страна е целосно подготвена да работи на мирно решение на спорот за „мировната нуклеарна програма на Иран“.

Првиот круг разговори се одржа минатата недела во Маскат, Оман, а двете страни, Иран и САД, го оценија како „конструктивен“.

Западните земји предводени од САД и Израел се сомневаат дека Иран сака да развие нуклеарно оружје, што Техеран го отфрла, укажувајќи дека има право да развива нуклеарни програми за цивилни цели.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе