Вести Свет

(ФОТО) Тројца туристи меѓу четворицата загинати во несреќа на жичница во Неапол

Тројца туристи се меѓу четирите лица кои загинаа кога жичара се урна јужно од Неапол. Една Британка и една Израелка се меѓу трите странски државјани кои настрадаа во несреќата. Четвртата жртва е италијанец, вработен на жичницата.

Според првичните информации, се скинала влечна сајла.

Петто лице, за кое исто така се верува дека е странски турист, е тешко повредено и се наоѓа на лекување во болница во Неапол, а на шеснаесет патници им било помогнато да излезат од друга кабина која била заглавена.

Несреќата се случи само една недела откако жичницата, популарна по панорамските пејзажи кон Везув и Неаполскиот залив, повторно беше пуштена со отворањето на годинашната сезона.

Локалните обвинители отворија истрага за можно убиство од небрежност, што ќе вклучи проверка на кабелските станици, столбовите, двете кабини и кабелот, соопштија локалните власти.

Компанијата што управува со жичницата, нагласи дека таа е отворена откако претходно биле спроведени сите потребни безбедносни услови.

Техничките експерти веруваат дека временски услови не се причина за несреќата.

Жичницата Монте Фаито беше отворена во 1952 година. Четири лица загинаа во 1960 година кога се скрши столб.

Во несреќа на жичница во мај 2021 година во северна Италија загинаа 14 лица, меѓу кои шест Израелци.

Во 1998 година, американски воен авион кој леташе ниско го пресече кабелот на ски-лифт во Кавалезе, во Доломитите, убивајќи 20 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе