Вести Свет

Трамп: Трговските договори со Кина „и со сите“ може да се склучат во рок од еден месец

Откако претходно рече дека не брза да ги заврши трговските договори, претседателот Доналд Трамп сега порачува дека разговорите за трговските договори треба да завршат „во следните три или четири недели“.

Временска рамка која ја постави американскиот претседател е амбициозна бидејќи тарифите, но сè уште е нејасно што тој сака со оглед дека сè уште изгледа посветен на воведување нови давачки.

Трамп посочи дека тарифните стапки може да се променат, како и дека разговарал со Кина „многу“ за настанатите тензии, но не сака да каже дали разговарал директно со кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Тоа не е толку важно затоа што, искрено, ќе имаме договор. Верувам дека ќе имаме договор со Кина“, рече Трамп.

Тој, исто така, рече дека ќе го одложи договорот за „TikTok“ додека „оваа работа не успее на еден или на друг начин“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе