Вести Македонија

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој со автомобил влечеше коњ низ Скопје

Министерството за внатрешни работи го идентификуваше возачот кој вчера беше снимен како со патничко возило влече врзан коњ низ скопските улици.

Видеото брзо се прошири по социјалните медиуми и предизвика бурни реакции во јавноста.

Полициските службеници од СВР Скопје веднаш презеле мерки за да го утврдат идентитетот на сторителот и да го документираат случајот како можен акт на мачење на животни, дело казниво по член 233 од Кривичниот законик.

„По сите преземени мерки и дејствија, СВР Скопје го утврди возачот на возилото. Со него е извршен службен разговор, а случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител“, се наведува во соопштението на МВР.

Според истото соопштение, до Основното јавно обвинителство Скопје ќе биде доставен целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување по насоки на обвинителот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонската дипломатија полека се празни од амбасадори

Дејан Дејан

Велигденското послание на Архиепископот г.г. Стефан во знак на трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Опаѓа бројот на ученици, расте бројот на наставници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе